Приказна: Зошто жените плачат?

Едно детенце ја прашало својата мајка: „Зошто плачеш?“

Таа му одговорила: „Затоа што сум жена“.
Детенцето рекло: „Не разбирам.“

Мајката само го прегрнала и рекла: „Никогаш и нема да разбереш.“

Подоцна го прашал својот татко: „Зошто ми изгледа дека мама плаче без никаква причина?“

Тој не знаел што да му каже и му рекол: „Сите жени плачат без причина.“

Детето пораснало и станал маж и сѐ уште се прашувал зошто жените плачат.

На крајот го повикал Бог. Кога го добил, го прашал: „Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?“

Бог му одговорил:

„Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
Ѝ дадов доволно силни рамена за да може да го носи целиот товар на овој свет, а сепак доволно нежни за да можат да даваат утеха.
Ѝ дадов внатрешна сила за да поднесе одбивање кое толку често ѝ го приредуваат нејзините деца.
Ѝ дадов цврстина која ѝ овозможува да оди подалеку кога сите други се откажуваат и да се грижи за своето семејство во време на болести и неволји без приговори.
Ѝ дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сѐ, дури и ако нејзиното дете силно ја повредило.

Ѝ дадов сила да го пренесува својот маж низ неговите грешки и ја создадов од негововот ребро за да го штити нејзиното срце.
Ѝ дадов мудрост за да знае дека добар маж никогаш не би ја повредил својата жена, но одвреме-навреме ја тестира нејзината сила и одлучност да биде постојано покрај него.

И конечно, ѝ дадов солзи за да плаче. Тоа е само нејзиното право на користење секогаш кога ќе ѝ затреба.

Види сине мој, убавината на жената не е во облеката која ја носи, во нејзината фигура или во начинот на кој се чешла. Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, затоа што е влезот на нејзиното срце, местото каде што живее љубовта.