Приказна за тоа зошто не треба да го одложуваме решавањето на проблемите...

 

Професорот го започнал чaсот со тоа што се земал чаша полна со вода и го поставил следното прашање:

  • „Дали некој знае колку е тешка оваа чаша?“

Учениците меѓусебно се гледале и си шепкале нешто.

  • „Околу двеста грама! 300! 400!“ – извикувале учениците.

  • „Искрено, ниту јас не го знам точниот одговор“, рекол професорот, „но, тоа не е најважно. Моето прашање гласи: Што ќе се случи ако две минути ја држам раката со исправена рака?“

  • „Ништо“ – изненадено одговориле учениците.

  • „Точно. А ако ја држам наполнетата чаша околу два часа?“

  • „Ќе ве заболи раката“ – извикнал еден ученик.

  • „А ако ја држам цел ден чашата?“

  • „Па ќе добиете запаление на мускули!“

  • „А што мислите, дали тежината на чашата ќе се промени ако ја држам цел ден во рака?“

  • „Нема“ – одговориле сите студенти во еден глас.

  • „Токму така“ – рекол професорот и потоа продолжил:

„Запомнете деца: на истиот начин треба да се поставите и кон животните тешкотии. Ако две минути размислувате за проблемот – тој ќе се појави покрај вас. Ако размислувате два часа – ќе почне да ве исцрпува. Ако размислувате цел ден – ќе ве парализира. Со долготрајното размислување, проблемите нема да се намалат, тие ќе се зголемат. Само дејствувањето и преземањето акција ќе ви помогне да се изборите со тоа.“

Многу често, дури и најпростата, но и навремена акција е подобра од бескрајно размислување. Или решете го проблемот или оставете го зад себе. Во спротивно, тој целосно ќе ве проголта.

new nike air max 2019