„Што ако месечината е заљубена во сонцето?
Што ако сонцето е исто така заљубено во месечината?
Но, тоа е забранета љубов.
Љубовта меѓу нив не е толку моќна како помеѓу двајца луѓе.
Што ако причината поради која имаме ноќ и ден е поради тоа што тие постојано се бркаат еден со друг, секоја секунда и секоја минута.
Зарем не е тажно да се помисли на тоа дека ако тие навистина се заљубени, тажно е да се види и мисли на тоа дека не им е судено да бидат заедно.“

Таа го рече ова додека гледаше во прекрасната зора.
Тој гледаше во неа додека таа ја гледаше слабата светлина на сонцето и и одговори:

„Па и не е толку тажно. Види, тие наоѓаат начин како да се сретнат два пати во денот.
Сонцето и Месечината водат љубов во зората и на зајдисонце и јас мислам дека тоа е прекрасно.“