Приказна за глуварчето: Чудесен текст кој ќе ви помогне да ги прифатите сите промени во животот

Дали некогаш сте се запрашале: како од преубав жолт цвет настанува глуварчето и се претвора во прав кој ветерот го разнесува потоа во текот на пролетта?

Во едно глуварче се крие цела тајна на природата и животот.

Животот претставува еден циклус. Кога нешто умира, друго почнува да се раѓа. Тоа се однесува на целиот циклус на животот, но и на нашите реакции на животните предизвици и тагата и радоста со кои се соочуваме.

Глуварчето во првите денови ги краси ливадите со својата жолта боја. Но, како што минува времето, тоа се претвора во бело моќно растение, чија прашина се разлева околу нас со помош на ветерот. Доаѓа денот, кога тоа е сосема поинакво, ја нема веќе својата жолта боја и тоа се случува преку ноќ. 

Тоа достоинствено ја чека својата промена, а е убаво и во едната и другата форма, секогаш моќно. Се менува и се развива согласно со животниот циклус. 

Овој текст нè потсетува на тоа дека секоја промена е шанса да постигнеме нешто ново. Сè што ни се случува е дел од нашиот животен циклус и наша смисла. Колку и да изгледаат промените страшни на почетокот, тие се убави и боженствени. Затоа, прифатете ги и живејте како што ве носат годишните времиња.