Љубов и секс
10. Јануари 2017 - 14:57

Приказна за една необична љубов...

Мачорот којшто ја љубеше птицата

Еднаш си беше една мачор којшто беше заљубен во птица, а и птицата беше заљубена во мачорот. Тие секој ден се наоѓаа во точката каде земјата се спојува со небото и со време нивната поврзаност растеше се повеќе и повеќе.

Нивната љубов сјаеше на месечевата светлина како свеќа во еден темен свет. Мачорот ги исече своите шепи и ги отапе своите заби за да ја заштити својата убов и тој ја научи да се движи како течен огин помеѓу високата трева. И птицата го забави своето летање и таа го научи како да танцува како воздух на музиката од облаците.

И така си живееја. И така се љубеа. И така играа. И така ги ускладија рабовити на нивните разлики. Таму каде што земјата се спојуваше со небото. И тие беа среќни. О да, навистина беа среќни.

Птицата заборави на небото, изгубена во широкото пространство на душата на нејзината љубов. А мачорот најде поголемо задоволство во својата љубов отколку во ноќта.

Да, тие беа среќни, но љубов како нивната не можеше да биде лесна. Песната на ноќта го будеше мачорот од сон, додека ветерот ја примамуваше птицата да го следи.

Циниците тврдеа дека мачката ќе ја изеде птицата за помалку од една година, романтичарите се бореа за тоа дека нивната љубов ќе трае вечно.

Реалноста не беше ниту толку чиста, ниту толку трагична.

Тие живееја и љубеа таму каде што земјата се спојуваше со небото, но околностите тешко им паднаа и на двете страни...

„Птицата може да се заљуби во риба, но каде би живееле?“ – Џозеф Стајн

Птицата може да го сака мачорот, но може ли таква љубов да преживее?

Да, се колнеше мачорот.
Да, се колнеше птицата.

Но и двајцата не можеа да ја негираат вистината која биеше во нивните гради. Мачорот ја посакуваше темнината, а птицата го посакуваше небото. Без оглед на нивната страст, без оглед на тоа колку се љубеа.

Тоа беше космичка шега од најголеми размери – на две такви суштества да им дадеш љубов која ги предизвикува законите на универзумот, но да не им дадеш начин како да ја задржат. Боговите се смееја на нивните околности, бидејќи предобро го знаеја светот каде небото и земјата се спојуваат.

Да, мачорот ја љубеше птицата и птицата го љубеше мачорот и иако таква љубов никогаш не може да биде лесна, беше баш толку едноставна.

На птицата и беше потребно небото, а на мачорот ноќта, но нивните срца се среќаваа помеѓу ловот и летот.

Постои место над точката каде земјата се спојува со небото, каде птиците можат да пловат како медова темнина, а мачорите можат да летаат, каде мудрите велат растење за она што ние го дефинираме како компромис.

Тоа е местото каде мачорот и птицата го создадоа својот дом и пламенот на нивната љубов продолжи да сјае.

Понекогаш, мачорот е мачор, птицата е птица, космичката шега е шега, а крајот е крај. Но, понекогаш, само понекогаш, над хоризонтот постои друг свет. Можеби и ние ќе можеме да отидеме таму кога работите се едноставни, но не лесни.

Токму тоа го направија птицата којашто го љубеше мачорот и мачорот којшто ја љубеше птицата.

И така си живееја. И така се љубеа. И така земјата се вртеше, баш како и оваа приказна – без почеток и без крај.