ПРИKАЗНА НА МАЈKА ОД СKОПЈЕ: Mојот син не го запишуваат во градинка оти има дијабетес

Мамо, кога и јас ќе може да одам во градинка како другите деца и зошто мене не ме примаат, а другите може да одат? Се почесто ме прашува мојот 5-годишен син, кој има дијабетес од својата прва година, а кого лани одбија да го примат во градинка во Kисела Вода, иако, според Статутот, не смеат да одбијат дете со дијабетес, пренесува Дневник.

Kога реагиравме, ни дозволија детето да престојува само два часа во градинка, но под услов и јас бидам со него, раскажува скопјанката Наташа Димитровска-Деспотовска, мајка на дете со дијабетес.

Таа за ова подготвила и претставки до народниот правобранител и до Kомисијата за заштита од дискриминација, но се уште не ги поднела.

- Го разбираме персоналот во градинките, особено тие што се грижат за групи каде што има и по 30 деца и токму затоа не баравме од негувателките и воспитувачките да му го мерат нивото на шеќерот на моето дете или да го боцкаат со инсулин, тоа секако јас ќе го правев. А и тој, иако е мал, знае уште од својата 4. година сам да си мери гликемија, но, сепак, не знае дали треба или не да се боцне со инсулин и некој возрасен мора да ги протолкува бројките и да ги одреди единиците инсулин што треба да ги прими, а тоа, секако, ќе го правев јас, а не негувателката - раскажува Димитровска-Деспотовска.

Таа смета дека персоналот најмногу се исплашил кога појаснила што е хипогликемија.

- Мислам дека најмногу се исплашија кога им појаснив што е хипогликемија, состојба која може да предизвика и кома, а некогаш, во исклучителни случаи, дури и фатално да заврши. Затоа јас се ставив да бидам целосно на располагање и ако треба, да го проверувам детето на секој час, а предложив и предавање да одржиме во градинката за да знаат, ако треба, кога да му дадат сок. Наместо тоа, добивме негативен одговор иако во Статутот на сите градинки во земјата стои дека овие деца треба да бидат опфатени - раскажува мајката.

Со овој проблем се соочуваат многу од родителите на 500 деца со дијабетес во земјата кај кои едијагностицирана оваа состојба.

А некои од мајките седат со децата на училиште во првите одделенија - вели мајката Димитровска-Деспотовска.

Таа раскажува како завршил нивниот обид за упис во предучилишна установа.

- Бев многу непријатно изненадена кога со нашиот случај се обиде да се занимава општинската комисија во Kисела Вода, а во која беа повикани да решаваат, замислете, дефектолог, кој не е упатен во оваа дијагноза наместо лекар ендокринолог и просветна инспекторка, иако градинките се под Министерството труд и социјала.

Продолжува на наредната страна...........

Тие, откако се жалевме, донесоа одлука и ни дозволија да го носиме детето во градинка по два часа дневно, но со мое присуство, и јас да бидам заедно со него во занималната! А за одлуката не беа известени ни во градинката, никој од Kомисијата ништо не им пренел. Предлогот го одбивме - која е целта детето со мене да седи во занимална? - прашува Димитровска-Деспотовска.

Од управата на детската градинка „Весели цветови“ имаат свое објаснување за проблемот:

- Предложивме дека е најдобро за детето да престојува во т.н. игроорна форма, не цел ден. Мајката да биде тука бидејќи нашиот персонал не е обучен за работа со деца со дијабетес, а тоа не е воопшто наивна дијагнозата. Ние по ниедна основа не можеме да ја преземеме одговорноста за таа состојба и за евентуалните последици. Не сме ние доктори во случај ако детето добие симптоми што укажуваат на промена на шеќерот во крвта. Имаме голем број деца во група и можно е вработените да не забележат реакција кај детето, а не дај боже, ако се случи нешто со него, кој ќе ја преземе одговорноста? - прашуваат од управата на градинката.

Натаму тие појаснуваат дека им е строго забрането на децата да им даваат лекарства.

Може да престојува еден-два часа, но мајката да биде во близина - објаснуваат од градинката.

- Составот и начинот на работа на комисијата, како и поблиските критериуми за прием на деца во градинката, ги утврдува Управниот одбор на градинката во согласност со советите на општините, а Министерството за јавна детска градинка основана од Владата.

Во согласност со Законот за заштита на децата, во групите може да се вклучи едно дете со лесни пречки во менталниот развој или телесна попреченост, но во тој случај бројот на децата во групите се намалува за две деца - појаснуваат надлежните.