Во наредните петнаесеттина денови сите невработени лица можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во износ од 4.000 евра.
Програмата за самовработување вклучува:
– обука за претприемништво,
-помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање дејност,
– неповратни грантови во форма на опрема и материјали и
– менторство за време на почнување на бизнисот
Оваа програма има за цел да го поттикне претприемништвото и да поддржи креирање почетни бизниси кои ќе обезбедат одржливи вработувања, не само за самите основачи, туку и за други лица кои ќе се вработат во овие почетни одржливи бизниси.
Заинтересираните ќе можат да аплицираат за обука за пополнување на прашалниците по што ќе добијат ваучер и еден експерт за изработка на бизнис план. Потоа бизнис планот ќе биде оценуван од експерти и доколку биде проценето дека е одржлив ќе добијат грант за отворање мал бизнис.
Од 2007 година од кога се спроведува мерката досега се отворени 8.730 компании, 8.970 лица се вработени, а околу 70% од нив се уште се во работен однос.
Ова е втора фаза од оперативниот план за 2017 година за програмата за самовработување. Со неа во првата фаза беа опфатени 600 лица, а во втората фаза 400. За цела година планирано е да бидат опфатени 1.050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1.000 новоотворени микро компании.