Причини поради кои мажот ја остава жената којашто ја љуби

Мажите многу често се одлучуваат за раскинување, дури и кога искрено се грижат и за приврзани за некоја личност. Иако делува навистина чудно, да, понекогаш доаѓа до раскинување и покрај тоа што има чувства и од двете страни. Поретко, но се случува. Ова е можните причини поради кои мажите ставаат точка на врската, дури и кога чувствуваат љубов кон девојката.

Страв

Стравот од врзување е најчестата причина поради која мажите се повлекуваат кога ги преплавуваат емоции. Чувствуваат дека многу се приврзани за некоја личност, но исто така се свесни дека не постои никаква гаранција дека односот ќе остане таков и дека нема да бидат повредени.

Веруваат дека љубовта ги прави слаби и дека над неа немаат контрола и дека преголем е ризикот од потенцијално повредување за да останат во врската. Размислувајќи на овој начин, не е чудно што многу мажи превентивно ја напуштаат врската.

Врската станала многу предвидлива

Кога ќе заврши почетната, заљубена фаза, најчесто следува смирување на страстите и тогаш постои опасност врската да стане монотона. Ако имате наклоност да бидете малку предвлидливи, постои опасност дека вашиот партнер се досадува. Тоа не треба да го сфаќате лично, но не е лошо одвреме-навреме да предложувате нови работи за да ја освежите врската.

Се чувствува непожелно

Понекогаш во вашата врска ја достигнувате точката кога толку ви е удобно и толку се е монотоно, што вие или вашиот партнер се чувствувате непожелно. Тогаш треба да му покажете на партнерот дека се уште ви е привлечен и интересен.

Занемарување

Најлошата работа која може да и ја направите на личноста за која се грижите. Многу е важно да внимавате на потребите на партнерот, како и на сигналите кои ви ги праќа и тоа се пред да биде предоцна.

Осаменост

Ова е последица на занемарувањето. Ако сте забележале дека не разговара со вас, не ви се обраќа и не поставува прашања, тоа значи дека се чувствува дека воопшто не може да разговара со вас и дека се чувствува осамено.