Почетокот на натпреварите на скокалиштето на хиподромот во Маџари е во 11 часот и двата дена од викендот.

Тимови од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија на 21 и 22 октомври ќе учествуваат на Меѓународен Октомвриски коњички турнир што ќе се одржи во Скопје.

Почетокот на натпреварите на скокалиштето на хиподромот во Маџари е во 11 часот и двата дена од викендот.

Натпреварите се според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија, а во заедничка организација на клубовите за коњички спорт Илинден и Процес.

На програмата се вкупно шест натпревари во прескокнување на пречки и тоа три в сабота и три в недела со височина на пречките од 0,95м. до 1,25м.