Претставата “Жена ми се вика Борис” на репертоарот на Театар Комедија

Хит-претставата “Жена ми се вика Борис” е на репертоарот на Театар Комедија утре (8 март) во 20 часот. Оваа урнебесна комедија е работена по текст на Рафи Шарт и во режија на хит-мејкерот Синиша Евтимов.

Комедијата “Жена ми се вика Борис”, со оригинален назив “Жена ми се вика Морис” доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Основните теми во оваа комедија се вонвременски: проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите…

Приказната во претставата се врти околу сопружниците Алек и Марија Точко, навидум нормален пар. Тие се обидуваат да го продадат станот во кој живеат…

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мими Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Ева Скендеровска.

Сценографијата е на Орхан Ќамилов, костимограф е Александар Ношпал, инспициент е Ниријамет Рушити и суфлерка е Сања Стојковска.