Претставата "Тоби" утревечер во Театарот за деца и младинци

“Тоби”, во режија на Драгослав Тодоровиќ, е претставата која утревечер (17 јануари) со почеток во 19 часот најмладата публика ќе може да ја види во Театарот за деца и младинци.

“Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, а тоа е дека никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако како јазовичарот Тоби имате пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Со помош на пријателите ќе се видите себеси од еден сосема друг, среќен агол… “, ќе посочи режисерот Тодоровиќ за претставата во која играат Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска-Силјановска, Винета Дамческа, Ана Левајковиќ-Бошков, Мики Анчевски.