Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Албанија

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.