Претседателката на Меѓународниот сојуз на распит во Обвинителството за организиран криминал

Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика денеска дојде во Обвинителството за организиран криминал да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Во Обвинителството се очекува денеска да сведочи и бизнисменот Зоран Азманов.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал осомничени се сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.