Претепаниот лекар од тетовската болница е во критична состојба на скопските клиники

Недоразбирање меѓу пациент и доктор во Тетово заврши со крвопролевање. Пациент од Голема Речица кој бил нервозен претепал доктор на Клиничката болница во Тетово, јавува „Алсат“.

Според неофицијални информации, лекарот е во критична состојба и е пренесен на скопските клиники.

Инцидентот е пријавен во полиција утрово околу 9 часот.

-45-годишник со иницијалите А.Е кој бил вработен во кожното одделение на Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од 43-годишен пациент со иницијали А.Б од голема Речица. Напаѓачот е уапсен и задржан во полициската станица, објави „Алсат“.