Претепани вработена и момче оти не давале алкохол на пијан во колонијал

Вчера во Скопје околу 19 часот на улицата “Максут Садик“ во колонијална продавница, С.Н., кој бил во алкохолизирана состојба влегол во продавницата и побарал да биде услужен со алкохол, но од вработените 23-годишната П.А и уште едно 16 годишно лице не бил услужен.

С.Н. почнал вербално, а потоа и физички да ги напаѓа, најверојатно употребувајќи и метална шипка. Вработената и малолетникот се здобиле со повреди и со возило на итна медицинска помош се префрлени во Градската општа болница “8-ми Септември“, каде од страна на доктор им се констатирани телесни повреди, соопштуваат од полиција.

Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.