Престрелка меѓу две групи во скопско Драчево - застрелан млад скопјанец

Дваесет и четири годишно момче е повредено во престрелка меѓу две групи која попладнево се случила во скопско Драчево.

Според информациите во инцидентот учествувале повеќе лица кои започнале тепачка кај поштата во Драчево користејќи ножеви и огнено оружје. По тепачката учесниците со два автомобили марка Фолксваген и Хјундаи побегнале од местото.

Неофицијално според извори од МВР се сомничат две лица, извесен Г.Н од Скопје и лице чии иницијали почнуваат со Љ .кои се превезувале во Фолксвагенот. Автомобилот полицијата го пронашла во населбата Драчево, а по лицата и другиот автомобил се уште се трага.

Повредениот Д.Т. е префрлен во болница но нема информации за неговата состојба.

Од МВР за Press24 и официјално го потврдуваат случајот, но велат дека повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на увидот.

Драчево неколку часа беше блокирано од возила на полиција и Брза Помош.

Иако од полицијата не сакаат да изнесуваат детали очевидци велат дека повредениот и напаѓачите се од македонска националност.