Престанете да им угодувате на луѓето, тоа ќе ви го промени животот од корен

Времето е најдрагоценото нешто што го имаме, но зошто лесно им го даваме на другите луѓе?

Потрудете се да научите да им кажете не на луѓето. Така ќе си добиете повеќе време за себе, ќе бидете посреќни и ќе ви се промени животот од корен.

Најлошо е кога го правите тоа, а не сте ни свесни. Веројатно сакате само да сте прифатени, сакани и ценети. Но, треба да престанете да го правите тоа.

На почеток е многу тешко. Ви изгледа како луѓето да ќе ве мразат, ќе се чувствувате виновно и лошо. Но, не е така. Кога ќе престанете да им удоволувате на луѓето, тие ќе сфатат дека вие сте такви, ќе ве ценат бидејќи го цените своето време. Можеби ќе им изгледа чудно од почеток, но тоа сте вие – не морате да правите нешто за другите што ви штети вам.

Ќе откриете колку повеќе време за себе имате, колку можете да направите. Да одморите, да учите нов јазик, да вежбате. Тоа ќе ви помогне многу. Не должите никому ништо, престанете да го мислите тоа.

Погрижете се за себеси малку.