Престанавте да јадете леб? Еве какви последици ќе има тоа врз вашето здравје

Вашето тело ќе помине низ четири процеси кои за вас се и повеќе од исцрпувачки само затоа што сте одлучиле да не јадете леб.

Иако не треба да се претерува со внесот на леб, особено белиот леб, човечкиот организам сепак не може добро да функционира без јаглехидрати.

Еве што ќе се случи со вашето здравје доколку одлучите да ги исфрлите јаглехидратите од исхраната.

Ќе ја исфрлите водата

Штом од исхраната ќе ги исфрлите јаглехидратите, ќе почнете да се „топите“. Но, нема да ги губите мастите, туку водата.

„Кога телото ги чува јаглехидратите во форма на гликоген, секој грам од хидрат во себе има вода, и тоа во количина од три до четири пати поголема од тежината на самиот гликоген“, вели нутриционистката Мари Спано.

Ќе се чувствувате лошо

Јаглехидратите му се главен извор на енергија на мозокот, објаснува Спано. Кога ќе ги исфрлите од исхраната и кога ќе ги потрошите сите гликогенски резерви, телото ги разложува мастите и работи со помош на кетони, а резултатот на тоа се лош здив, сува уста, замор, вртоглавица, несоница и гадење. Ќе се чувствувате како да имате грип. На крајот, телото се навикнува да работи со помош на кетони, но тоа не значи дека е добра работа. Јаглехидратите се секогаш подобри, вели оваа нутриционистка.

Ќе имате проблеми со варењето на храната

Житарките со цело зрно кај повеќето луѓе се најголемиот извор на влакна кои не само што го стабилизираат шеќерот во крвта, туку и го намалуваат ризикот од дебелеење и хронични болести. Освен тоа, поради влакната редовно ќе одите во тоалет. Ако ги исфрлите, ќе се борите со затвор.

Ќе станете нервозни

Јаглехидратите го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот. Кога ќе ги отстраните сите здрави јаглехидрати од исхраната, ќе го отстраните и своето добро расположение.