Пресметајте го бројот на вашата животна патека и откријте што ве очекува во иднина

Може ли нечија иднина да застане во само една бројка? Што тоа открива за нас? Нумеролозите истакнуваат дека може, бидејќи симболиката на бројките е стара колку и луѓето. А секој човек е роден со одреден датум и така може да се одреди неговата судбина.

Постапката на пресметување е едноставна. Податокот кој ви е потребен е бројот на раѓање. Броевите од денот, месецот и годината на раѓање ги собираме додека не добиеме број од 1 до 9, односно едноцифрен број. Освен ако не ги добиеме броевите 11 или 22. Таквите броеви ги оставаме такви.

Пример: Марко е роден на 29.03.1981, па собираме 2+9+3+1+9+8+1=33=3+3=6

Тоа значи дека патеката на Марко го има бројот 6.

Друг пример: Ива е родена на 25.11.2000 година, па собираме 2+5+1+1+2=11

Само кога ќе го добиеме овој број, како и бројот 22 не собираме понатаму. Тоа значи дека животната патека на Ива го носи бројот 11.

1

Животниот стил на овие луѓе е полн со индивидуализам. Сакале или не сакале, тие завршуваат многу работи сами, па со време зајакнуваат и стануваат пример за другите луѓе. Тоа што вообичаено ги карактеризира е силна храброст, волја, темперамент и динамика. Секогаш се активни и не сакаат да мируваат. Нивната животна патека носи многу борби и препреки, но имаат силен карактер и можат сите тие работи да ги совладаат. Во своите активности често ги следи и среќа. Тоа е така бидејќи секогаш имаат позитивен став, па што зрачат, тоа и привлекуваат.

2

Кај овие луѓе преовладува смиреноста и желбата да соработуваат и да се дружат со другите луѓе. Тие се луѓе кои најдобро функционираат во двојка и кои се талентирани за дипломатија. Секогаш им е полесно да делуваат заедно со некој друг, па ретко можете да ги најдете сами. Тие се развиваат постепено, чекор по чекор и кај нив нема големи животни скокови.

3

Овој број се сметка за среќен и светол број. Луѓето со овој број имаат силно чувство з стил, а посебно се надарени и за контакти и комуникација. Обично се наоѓаат на позиција каде поврзуваат други луѓе, пренесуваат информации или ги упатуваат другите во нешто. Многу се елоквентни и натпросечно снаодливи. Не е реткост голем дел од животот да го поминат во движење, па патувајќи од едно место на друго, така и уживаат во животот. Отворени се и со леснотија склопуваат другарства, па така и често се во различни друштва.

4

Патот на овие луѓе е обележан со бавно и сигурно напредување, а нивните главни особини се упорност, доследност, конвенционалност и почитување на традицијата. Тие се сигурни чувари на сопствениот дом и вистински патриоти. Се што е сигурно и утврдено е нивно подрајче. За другите, често нивниот живот не делува многу интересно, сепак тие функционираат на долг рок, низ трпелива работа. Тоа што ги издвојува од другите е дека често знаат да бидат голема поддршка и рамо за плачење. Кој бара сигурност и цврстина, може да им се обрати ним.

5

Животот на овие луѓе е богат со многу различни, но и неочекувани ситуации. Тие се креативни и способни за голема страст. Знаат од ништо да направат вистинска сензација, па се омилени меѓу луѓето бидејќи ги создаваат оние вибрации кои ретко кој може да ги создаде.

6

На овие луѓе им е важна рамнотежата во животот. Тие често се наоѓаат во позиции да можат да избираат меѓу 2 или повеќе варијанти. Нивниот избор од нив бара преземање одговорност за тоа во што се впуштиле. Затоа нивниот пат може да ги однесе во различни насоки – оној кој е добар, и оној кој не е добар за нив, но чии последици ги преземаат самите. Тие се многу способни да постигнат големи работи, но и да комуницираат со другите луѓе. Важен им е бракот, љубовта и семејството, па така ја наоѓаат својата рамнотежа во животот. Тоа ги прави смирени и приглагодливи.

7

Седмицата е богата со дух, независна е и оригинална. Тоа е свет број кој се состои од 4 страни на светот, плус 3 па неговата симболика е многу сложена. Овие луѓе често имаат посебен пат, можно е и да дојдат во борба со околината. Често тоа се случува поради нивните силни ставови и идеи. Тие се оригинални истражувачи кои во својот живот минуваат низ сешто.

8

Животната патека на овие луѓе е обележана со јасно и моќно делување. Имаат смисла за материјално и обично успеваат во работата, но често се соочуваат и со ризици. Во животот често се затекнати во опасни ситуации или дилеми, каде до израз доаѓа и нивната студена страна, издржливост и сила. Вообичаено доаѓаат до стабилна позиција по ваквите ситуации, а неретко и до големо богатство.

9

Тие се непоправливи идеалисти и племенити личности кои не знаат да бидат злобни и подли. Често се многу наивни, но во таквиот пристап често имаат и голема среќа, како мали деца. Скони се кон далечини, висини и длабочни. Често стануваат филозофи, истражувачи и луѓе со висока толеранција. Имаат отворен дух и се големи хуманисти. Секогаш, буквално секогаш ги следат своите идеали, а знаат и да се издигнат одлично над пролемите. Храбри се и ги сакаат луѓето.

11

Животната патека на овие луѓе носи големи планови, но секогаш е присутна и уникатноста. Тие се способни да влијаат на другите луѓе, па можат да остварат големи нешта. Истовремено, не поднесуваат игри. Често чекорат на работ и играат со ризици, што може да им донесе многу успеси, но и неуспеси. Нивната животна патека така  е обележана со огромни успони и падови. Сепак, имаат силен карактер и можат успешно да продолжат напред.

22

Овој број носи многу циклуси и наговестува животна патека со големи проблеми, но и успеси. Тие се луѓе кои имаат натпросечна способност и неретко добиваат шанса да делуваат на општеството за општо добро. Поради таквите особини, тие често ги занемаруваат и сопствените интереси и делуваат на големи проекти кои се важни за целото општество. Имаат многу активности во животот, а станува збор за луѓе кои се паметат со генерации.