Лажењето е лоша карактерна црта на која никој од нас не е имун. Секој кажува барем некоја невина лага. Просечниот човек ја искривува вистината 11 пати во 7 дена, барем тоа го кажуваа последните истражувања.

Научниците откриле и неколку начини кои можат да ни помогнат да откриеме дали некој лаже и тоа за помалку од 5 секунди.

Глава

Личноста која ве лаже сигурно ќе се обиде да го скрие тоа, но мрднањето на главата ќе ви каже дека таа личност ве лаже. Еден од знаците дека некој ве лаже е речиси незабележителното мрдање на главата за кое личноста која не ја кажува вистината не е ни свесна.

Раце

Ако некој кој инаку е опуштен и смирен одеднаш почнува постојано да гестикулира со рацете (покажува со прстите, се чеша за лицето и има други немирни движења со рацете), тогаш можетеда бидете сигурни дека ве лаже.

Говор

На личноста која лаже и е потребно повеќе време за да одговори на прашањето за разлика од личноста која ја кажува вистината и затоа често ќе прави пауза во сред реченица (за да смисли што ќе каже следно).