Премногу сум зрела за да чекам да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблем со бавното прифаќање на работите, ниту пак морам веднаш да ги запознаат твоите родители и да се вселам во твојот стан.

Но, имам проблем кога се работи за комуникацијата која се одвива само преку пораки, без какво било сретнување лице во лице.

Имам проблем кога веќе со недели нашиот однос нема дефиниција. Имам проблем со сомнежите и неодлучноста.

Премногу сум зрела за да играм игри. Ако се обидуваш да играш грубо и да кокетираш со други, делувајќи премногу зафатен за да направиш простор за мене, тогаш ќе претпоставам дека не си заинтересиран и ќе продолжам понатаму. Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам зошто треба баш мене да ме одбереш. Ако се двоумиш помеѓу мене и некоја друга, одбери ја неа. Сакам да бидам единствена. Премногу сум зрела за да се преправам. Ако кажеш нешто што ме збунува, нема да останам будна и да ги анализирам зборовите обидувајќи се да сфатиш што мислиш. Ако се однесуваш непристојно со мене, нема да молчам. Ќе те прашувам. Јас ќе зборувам, ќе кажам што чувствувам, наместо да носам маска. Нема да ги избришам своите чувства за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил.

Јас немам време за твоите муабети дека не си спремен за врска. Нема да вложувам мојата енергија во тебе кога ти не си сигурен дали ние имаме иднина.

Јас знам што сакам и јас сакам предаденост. Сакам некој што не се плаши да биде верен.

Премногу сум зрела за да се чувствувам незгодно што сум сама. Веќе не се лажам себесо за тоа дека секоја година се зголемуваат шансите дека ќе умрам сама.

Повеќе не мислам дека ќе бидам посреќна во врска. Добро ми е и вака.

Ако дојде до однос кој има смисла, ќе го прифатам. Но, се дотогаш, претпочитам да останам сама.