Премиерот Заев на прием во Даунинг Стрит 10

Премиерот Зоран Заев синоќа заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО беше гостин на првиот човек на британската Влада, Борис Џонсон во неговата резиденција во Даунинг Стрит 10 во Лондон.

– „Даунинг 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, објави премиерот Заев на Фејсбук.

Заев во Лондон ја предводи владината делегација што вчера и денеска присуствува на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.