Премиера на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ

Мјузиклот „Мама Миа“ премиерно ќе биде изведен во Македонскиот народен театар на 24 декември со почеток во 20 часот.

Mузиката и текстот се на Бени Андерсон, Бјорн Улвеус и Кетрин Џонсон, по приказната на Џуди Крејмер.

Претставата е во режија на Наташа Поплавска.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ. Цената на билетот за изведбите на 24, 26, 27 и 29 декември се 1.000 денари, а за изведбите на 12 и 13 јануари, цената на билетот е 600 денари. Овие цени важат до 8 ноември, потоа цената на билетот ќе биде повисока.