Премиера на „Икс-Мен:Апокалипса“ во кино Милениум

Од денес, на репертоарот на градското кино Милениум, ќе се прикажува најновото продолжение на научно-фантастичниот филм „Икс-Мен“ (X-Men). 

По режија и сценарио на Брајан Сингер, филмот ќе ја воодушеви публиката со одличните филмски ефекти. Најновото продолжение на серијалот кој за прв пат се појави пред 16 години, со нетрпение го очекуваат голем број фанови низ светот. „Апокалипса“ е седмо продолжение на приказната за Икс-Мен, која оригинално стана позната уште многу одамна како стрип-книга.
За што поточно се работи можете да видите во трејлерот, а секако не пропуштајте да го погледнете целиот филм. Премиерата ќе се прикажува денес со почеток од 20 часот.