Преку пресврт Македонија славеше над Холандија на „Трофеј Македонија“

Македонската репрезентација вечерва славеше над Холандија со 78:72 во рамки на турнирот „Трофеј Македонија“.

Иако мечот нашите кошаркари не го одиграа баш најдобро, најдоа сила во последната четвртина да се изборат за дополнителни десет минути игра, во кои успеаа да слават.

Со 23 постигнати поени во нашиот табор најефикасен беше Војдан Стојановски.

Македонската селекција во рамки на последниот меч од турнирот, утре ќе се сретне со селекцијата на Босна и Херцеговина, која има победи во првите два меча, идентично како и нашата репрезентација.