Прекрасното писмо на Чарли Чаплин: Не бев ангел, но секогаш сакав да бидам човек

Девојче мое!

Ноќ е. Божиќна ноќ. Сите наоружани мажи отидоа да спијат. Заспиј го твојот брат, твојата сестра. Дури и мајка ти спие. За малку ќе ги разбудев додека одев до оваа полуосветлена соба. Толку си далеку од мене. Но, ако треба нека ослепам ако не си ми секогаш пред очи. Твојот портрет е тука на масата и ти си во моето срце. Каде си? Таму, во величествениот Париз, танцуваш на некоја театарска сцена на Елисејските полиња. Свесен сум дека си далеку, но сепак, понекогаш, во тишината на ноќта, ми се чини дека ги слушам твоите чекори, дека ги гледам твоите очи кои сјаат како ѕвездички на зимското небо.

Слушам дека глумиш во таа претстава и дека играш улога на персиска убавица која го освојува Татар-кан. Убавина и танц! Биди ѕвезда и сјај. Но, ако ентузијазмот и почитувањето од јавноста те затрујат, ако те измамува мирисот на цвеќињата кои ти се нудат, седни во некој агол и прочитај го писмово, слушни го гласот на твоето срце. Јас сум твојот татко, Џералдин! Јас сум Чарли, Чарли Чаплин! Знаеш ли колку ноќи поминав покрај твојата колевка додека беше бебе, ти ја читав бајката за Заспаната убавица и колку пати го разбудив змејот? И кога сонот ќе се навлечеше на моите стари очи, го бркав со зборовите: „Оди си! Сонот на мојата ќерка е мој сон!“

Ги гледав твоите соништа, Џералдин, твојата иднина. Гледав девојка која танцува на сена, како вила која го прелетува небото. Ја слушав публиката како вели: „Ја гледате ли девојката? Таа е ќерка на еден стар будала, се сеќавате, неговото име е Чарли?“ Да, јас сум Чарли. Јас сум стара будала! Сега тебе ти е ред. Танцувај! Јас танцував во преголеми, искинати пантолони, а ти танцуваш во свилен фустан, баш како принцеза. Тој танц и тие аплаузи понекогаш ќе те вивнат до небо. Летај! Летај таму! Но, спушти се на земја! Треба да ги видиш животите на луѓето, животите на уличните танцувачи кои се тресат од студ и глад. Јас бев како нив, Џералдин. Тие ноќи, тие магични ноќи додека ти спиеше, смирена од моите приказни, јас бев буден.

Го гледав твоето лице, ги слушав отчукувањата на твоето срце и се запрашував: „Чарли, те познава ли ова маче?“ Не ме познаваш Џералдин. Многу приказни ти раскажав тогаш, но никогаш не ти ја раскажав неговата приказна. А и таа е интересна. Тоа е приказна за гладниот будала кој пееше и танцуваше на улиците низ Лондон и собираше ситни пари. Ете, мојата приказна! Знаев што е глад, што значи да се биде без покрив над глава. Повеќе од сѐ, ја искусив понижувачката болка на лутањето, додека океанот на гордоста беснееше во моите гради. И таа гордост беше болно ранувана додека ми фрлаа парички. Но, сепак преживеав и затоа да ја тргнеме оваа приказна на страна.

Подобро да зборуваме за тебе. После твоето име Џералдин, стои моите презиме – Чаплин. Со тоа презиме повеќе од 40 години ги забавував луѓето ширум светот. Но, јас плачев повеќе отколку што тие се смееја. Џералдин, во светот во којшто живееш, постои многу повеќе од танцување и музика. Сред ноќта, кога ќе излезеш од величествените сали, можеш да ги заборавиш своите богати обожаватели, но не смееш да заборавиш да го прашаш својот возач дали има жена, дали е трудна, дали имаат пари за пелени за своето неродено дете. Не смееш да заборавиш да му дадеш некој денар плус.

Понекогаш вози се со метро или автобус, или пешки истражувај го градот. Набљудувај ги луѓетето. Барај ви вдовиците и сираците! Или барем еднаш дневно кажувај си: „Јас сум иста како и тие.“ Да, ти си една од нив, дете мое. Пред да му даде крилја за да може да лета, уметноста обично прво му ги крши нозете. И ако дојде денот да помислиш дека си над публиката, веднаш напушти ја сцената и со првото такси отиди на улиците низ Париз. Ги познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери како и ти, дури и поубави, поспокојни, погорди. Таму нема да те следат заслепувачките сценски светла. Нив ги осветлува светлоста на месечината. Погледни ги добро! Зарем на танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, дете мое! Секогаш има некој кој танцува подобро од тебе, кој свири подобро од тебе.

 И запомни дете мое, твојот татко е Чарли, сељак кој пцуел во такси, исмејуван сиромав човек кој седел на клупите на Сена. Јас ќе умрам, а ти ќе живееш. И се надевам дека никогаш нема да дознаеш што е сиромаштија. Со ова писмо ти праќам и чековна книшка, за да можеш да трошиш колку сакаш. Но, кога ќе потрошиш две парички, не заборавај дека третата не е твоја! Таа мора да припадне на некој странец на која таа паричка му е потребна. А таквите лесно можеш да ги пронајдеш, само треба да го сакаш тоа. Јас ти зборувам за парите, затоа што знам дека тие имаат ѓаволска моќ.

Поминав многу време во циркус. И секогаш бев загрижен за оние кои одеа на јаже. Но, морам да ти кажам дека повеќето луѓе многу полошо го допираат дното. Можеби некогаш на вечера ќе бидеш заслепена од дијамант. Тоа за тебе ќе биде опасно и ќе биде неизбежно да паднеш. Можеби некој ден ќе шармираш некој принц. Тој ист ден, ти ќе бидеш неискусен одач по јаже и ќе паднеш како никогаш претходно. Никогаш немој да го продаваш своето срце за злато и скапоцености. Познавај го најголемиот дијамант – сонцето. За среќа, тоа свети за сите. А кога ќе дојде време и кога ќе се заљубиш, сакај го тој човек со целото твое срце. И реков на мајка ти да ти пише повеќе за тоа. Таа подобро од мене ја разбира љубовта.

Твоето тело е прекриено со парчиња свила. Во името на уметноста, тоа може и голо да се изложи на сцената, но важно е секогаш да се враќа, не само облечено, туку и чисто. Јас сум стар и можеби моите зборови звучат смешно. Но, според мене, твоето голо тело треба да му припаѓа само на оној кој ќе ја засака твојата разголена душа. Немој да се грижиш како ќе размислуваш за ова за 10 години. Не се грижи, за 10 години ќе бидеш постара. Знам дека татковците и децата цело време имаат несогласувања. И не треба да се сложуваш со мене, со моите мисли, мое девојче! Послушните деца и не ми се баш најдраги. И додека моите очи не се преполни со солзи после ова писмо, сакам да верувам дека оваа божиќна ноќ е ноќ на чуда.

Се надевам дека постои чудо и дека навистина сфати што сакав да ти кажав. Чарли остаре, моја Џералдин. Порано или подоцна, наместо во бел фустан за на сцена, ќе мораш да бидеш во црно и да дојдеш на мојот гроб. Не сакам сега да те вознемирувам. Само погледни во огледалото – таму ќе ме видиш мене, моите квалитети. Низ твоите вени тече моја крв. Кога крвта во моите вени ќе се олади, се надевам дека нема да го заборавиш својот татко Чарли. Не бев ангел, но секогаш сакав да бидам човек. Обиди се и ти.

Те сакам Џералдин.
Твој,
Чарли