Прекрасно видео кое го покажува развојот на бебето за време на бременоста

Создавањето на нов живот е една од најпрекрасните работи во природата. Носењето на бебето во стомакот е една од најмагичните и најпрекрасните искуства кои една жена може да ги искуси во нејзиниот живот.

Секогаш сме се прашувале за процесот на растење и развивање на бебето додека е во мајчиниот стомак, а сега благодарејќи на технологијата и анимациите можеме да го видиме целиот пат, од зачнувањето до раѓањето.

Ова кратко видео нуди 3Д визуелизација на развојот на ембрионот во матката на мајката и е навистина интересно и за мажите и за жените. Кој би рекол пред 20 години дека денес би можеле да гледаме вакво видео?