Прекрасниот совет на Стивен Хокинг за сите кои се борат со депресија

Светски признатиот научник Стивен Хокинг е познат по своите теории за теоретска физичка и ни дава комплексни и бесценети погледи за времето и просторот. Тој исто така ги споделува и своите увиди за почувствителни теми.

Во неодамнешен разговор, Хокинг пренесе една прекрасна порака за сите луѓе кои се борат со депресија, споредувајќи ја депресијата со црни дупки, објаснувајќи дека без оглед на тоа колку темно изгледаат, не е невозможно да се избега од нив.

Хокинг рече: „Пораката на оваа лекција е дека црните дупки не се толку црни како што се опишани. Тие не се вечни затвори како што порано се мислело... работите можат да излезат од црната дупка. И од неа и можеби може и да ве пренесе во друг универзум. Па така ако се чувствувате како да сте во црна дупка, не се откажувајте, постои излез.“

Хокинг, кој има 74 години, речиси 53 години живее со ретка болест на моторните неврони и покрај тоа што докторите во 1963 година му рекле дека има само уште две години живот. Тој овој говор го направил на едно предавање во Кралскиот институт во Лондон.

Зборувајќи пред истата публика, неговата ќерка Луси ја истакнала неверојатната умствена сила на Хокинг – и на емотивно и на интелектуално ниво.

„Тој има неверојатна желба да продолжи понатаму и способноста да ги собере сите негови резерви, целата негова енергија и неговиот ментален фокус и да ги насочи кон неговата цел да продолжи да се движи.“

„Но, тоа не е само за преживување, туку и за надминување на неговата работа – пишување книги, држење леккции, инспирирање други луѓе со нервни и други заболувања.“

Некако, негова порака и говор за проблем со кој се мачат милиони луѓе нуди храброст за сите кои поминуваат низ депресија и затоа запаметете, колку и да е лошо, никогаш не се предавајте, исто како и Стивен Хокинг.