Прекрасни мисли од најмистериозниот интернет поет

Кој е Атикус и како тој навистина го разбира животот?

Шансите е дека сигурно сте налетале на неговите стихови на социјалните мрежи, бидејќи тие стихови се многу споделувани и популарни на интернет.

Овие стихови се секаде: На Фејсбук, веб-страни, Инстаграм, Твитер, Пинтерест, буквално секаде каде што ќе отворите.

Можеби не знаеме многу за Атикус, но една работа е јасна: Овој поет знае многу за љубовта и живтот. Без оглед на тоа дали сте заљубени, со скршено срце или уживате во животот, неговите стихови можат да допрат секого.

Денес за вас ги одвоивме најдобрите:

„Јас мислам дека љубовта може да биде именувана како отров и ние сепак ќе ја пиеме.“

„Таа беше најубавото нешто што го имам видено и потребна беше само насмевка за да сфатам дека нејзината убавина е најмалку важна.“

„Таа имаше толку многу маани, таа беше совршено несовршена за мене.“

„Зборовите никогаш не значеа многу, јас никогаш не љубев на тој начин, јас знаев дека таа ме љуби кога ме погали за коса, кога мислеше дека спијам.“

„Таа беше моето сѐ, сѐ за мене, таа беше мојот дом во пустината или морето. Каде и да беше, таа беше мојот дом.“

„Таа ги носеше неговите комплименти како дијаманти.“

„Моите атоми ги љубат твоите атоми – тоа е едноставна хемија.“

„Таа беше лекарство кое требаше умерено да се зема.“

„Тоа беше нејзината магија, таа сѐ уште можеше да го гледа зајдисонцето дури и во најмрачните денови.“

„Никогаш не се работеше за тоа како изгледаше, туку за тоа каква беше. Јас можев да се заљубам и со затворени очи.“

„Јас планирам да бидам старец со стара жена смеејќи се на стари шеги од дивата младост.“

„Не ја наоѓај за да се изгубиш себеси. Најди се себеси за да ја најдеш неа.“

„Таа не бараше витез, таа бараше меч.“

„Понекогаш ја гледам и се чудам како од сите тие лица на овој свет, ја избрав онаа која беше толку совршена за мене.“

„Не барај од неа да биде камен на кој ќе се потпираш. Наместо тоа, изгради и крила и покажи и го небото и таа ќе те научи како да леташ.“

„Јас и реков дека сум изгубен во овој свет и таа се насмевна, затоа што и таа беше изгубена. Сите сме изгубени на некој начин, но не ни беше гале, затоа што во целиот тој хаос, се имавме еден со друг.“