Прекрасната јапонска легенда за тоа како луѓето ги пронаоѓаат своите сродни души...

„Светот има свои препреки, но ништо не се случува случајно.“

Од кога постои светот и векот, луѓето сакале да ја дознаат смислата на животот. Постојат многу филозофски учења и магични легенди кои се обидуваат да го дадат одговорот на ова прашање.

Ви ја претставуваме легендата за Црвените нишки. Потекнува од Јапонија и ги објаснува животните мистерии на уверлив и романтичен начин. Ако навистина постои вербата, да се надеваме дека функционира баш на овој начин.

Затворете ги очите. Замислете дека вашето тело транспарентно се шири. Можете ли да замислите бескрајно сложена мрежа на крвнит садови која ги поврзува сите делови на телото? Нашето постоење го должиме на овие реки кои ни го даваат животот. Обрнете внимание на еден многу посебен канал во тој систем – оној кој го поврзува срцето со вашиот мал прст на раката.

На овој начин, овој прст, кој за некои луѓе е најневажниот прст, всушност е вистинскиот „претставник“ на срцето. Затоа, во многу култури, кога двајца се смируваат или даваат некакво ветување, ги вкрстуваат токму овие прсти.

Според јапонската легенда, оваа нишка поттекнува од срцето и не завршува на врвот од прстот. Да продолжува во облик на невидлива црвена нишка, која „тече“ од нашето мало прсте и продолжува да се испреплетува со црвените нишки на другите луѓе – и така го поврзува нашето срце со нивното срце.

Двајца луѓе кои се поврзани на овој начин се врзани со самата верба. Порано или подоцна, тие дефинитивно ќе се сретнат, без оглед на тоа колку далеку живеат еден од друг и колку многу се разликуваат нивните животни околности. И кога тоа ќе се случи – таа средба длабоко влијае и на двете личности. И што и да се случи, таа врска не може да биде прекината.

Таквото гледиште на животот и врската ја создала основата за холистичката филозофија, која тврди дека нашата судбина не е ограничена од нашето физичко тело. Оние кои се приврзаници на оваа филозофија тврдат дека ние сме едно со универзумот и ги гледаат црвените нишки како еден од начините кои водат кон разбирање на универзумот.

Дали некогаш сте помислиле: „Еј, оваа личност со причина е во мојот живот?“ Многу е можно да сте во право. Филозофијата тврди дека, иако не сме свесни, нашите животи се движат по одреден пат, водени од невидливи нишки исплетени од самиот Универзум.

Тие црвени нишки ја скратуваат далечината меѓу нас и нашите сродни души. Како што вели една прекрасна јапонска изрека: „Светот си има свои препреки, но ништо не се случува случајно.“