Прекрасна божиќна реклама ги сруши рекордите на гледаност (Видео)

Патувањето е една од најнепријатните работи за време на зимата, за многумина од нас. Но, лондонскиот аеродром Хитроу се обидува да не убеди во спротивното. Во 70-секундното видео направено за Божиќ, 2 мали мечиња уживаат во нивното патување.

Ова видео е многу популарно на социјалните мрежи, а има и 3 милиони прегледи. Рекламата е снимена на најголемиот лондонски аеродром, по повод неговата 70-годишнина. Божиќ е омилениот дел од годината за овој аеродром. Тоа е време кога семејствата и пријателите се обединуваат.