Преименувани скопските фестивали „Виноскоп“, „Пиволенд“ и „Баскерфест“

На вчерашната вонредна седница на Советот на Град Скопје е донесена одлука за промена на имиња на традиционалните манифестации.

Со оваа одлука  „Фестивал на виното Вино – Скоп 2018“ се преименува во „Вински фестивал“, проектот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ ќе се вика „Пивски фестивал“, а познатиот „Баскерфест“ е преименуван во „Организирање на манифестација со улични изведувачи“.

Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека новите називи биле неопходни заради усогласување на називите на проектите во програмата со називите на проектите во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.