Прегазено пет годишно дете во Сарај

Пет годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата со улицата 20 во скопски Сарај.

Од МВР информираат дека 25-годишниот Д.Љ. од струшко Делогожди со автомобил „Мерцедес“ удрил во пет годишно момче од скопско Долно Свиларе.

Детето било итно пренесено во Ургентниот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди и е задржано на Клиниката за детска хирургија.