Прегазено дете во Скопје, со повреди итно пренесено во болница

Тринаесет годишно дете пешак вчера околу 19 часот било прегазено од автомобил „Шевролет“.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на улицата „Коце Металец“ кога автомобилот со кој управувал К.А. (23) од Скопје удрил во детето.

-Од незгодата со повреди се здобило детето кое со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.