Прегазена жена во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Возило со скопски регистерски таблички, управувано од 32 годишен маж, движејќи се наназад удрило во 67 годишна жена која се движела по тротоарот.

Несреќата се случила пред зградата на општина Ѓорче Петров.

Жената се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на брза помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.