Прегазен велосипедист во населбата Маџари

На улица „Методија Андонов – Ченто“ во скопската населба Маџари околу 12 часот и 50 минути е удрен велосипедист од моторно патничко возило Рено со скопски регистарски ознаки, пренесува „А1 он„.

Порталот пренесува дека лицето е веднаш пренесено во ургентниот центар по што му е извршен лекарски преглед и дадена му е соодветна нега.

Увидот е во тек.