Прегазен пешак кај Бит-пазар

Прегазен е пешак кај Бит-пазар, кој со тешки повреди веднаш е пренесен во градската општа болница Св.Наум Охридски.

Засега нема информации во каква состојба се наоѓа човекот, ниту е познат неговиот идентитет.

Полицијата врши увид на местото на несреќата и ги утврдува причините за инцидентот.