Скопјанецот Б.Д.(52) вчера околу 10:30 часот во село Кондово во кругот на објект на Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“ прегазил прешак, вработен во претпријатието.

-Управувајќи товарно моторно возило “Исузу М55“ со скопски регистерски ознаки, Б.Д. додека се движел наназад во насока кон влезот на објектот, со задниот дел од возилото удрил во пешакот Н.А.(51) од Скопје кој бил вработен во Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“, информираат од МВР.

Н.А. се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската Општа Болница Свети “Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување.

На местото на настанот извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.