Предупредување од српски академик: Нѐ очекуваат температури какви немаме доживеано

Многумина на промената на климата гледаат како на уште една завера против светот. Луѓето престанаа да веруваат дури и кога станува збор за промена на климата. 

Првиот академик од Србија, Фјодор Месингер вели дека наредните години нѐ очекуваат летни температури кои досега ги немаме доживеано.

-Пред 20 години за рубриката „Дали знаете“ во весникот „Политика“ пишував дека максималните температури во Белград биле 40,3 степени. А, последниве години на Белград му се случија температури над 42 степени. Станува сѐ потопло. Последните три години, температурите преку лето беа сѐ поголеми од претходните. Тоа сѐ уште не се случило откако постојат метеоролошките мерења. Тоа е сериозно предупредување - изјавил Месингер.

Тој објаснува дека минатиот јануари било исклучително ладно. 

-Дунав се замрзна, не паметам дека ова некогаш се случило. А, тогаш обичниот човек ќе ве праша: за какво глобално затоплување зборувате, кога Дунав се замрзна? Меѓутоа, станува збор за разликата меѓу времето и климата, која граѓаните тешко ја разбираат. Времето е променливо, глобалната температура постепено расте и поголема е во просек за еден степен отколку што била порано. А, тој сетепен е многу важен - вели Фјодор.

Тој објаснува дека постои Париски договор, преку кој сите сериозни земји од светот се обврзале зголемувањето на температурата да се ограничи на 2 степени.

-Тоа е навистина ургентен процес, кој настанал поради согорување на фосилните горива, нафта, пророден гас... И ако вака продолжиме нема да биде добро за човештвото - предупредува Месингер.