Предновогодишна турнеја на Маша и Медо низ Македонија

Поради големиот интерес за спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм “Маша и Медо”, освен настапот во Скопје кој ќе се одржи на 16 декември (17 часот) во Вип арената “Борис Трајковски”, која ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за оваа намена, организирана е и мини турнеја низ другите градови во Македонија.

Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на “Маша и Медо” одблиску.

Така, на 17 декември (недела) – 12 часот претставата ќе се одржи во Прилеп – Дом на култура “Марко Цепенков”, а во 18:30 часот во Центарот за култура во Битола.

Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик.

Билетите за претставата во Скопје се веќе пуштени во продажба, а за претставите во Прилеп и Битола билетите може да се набават, преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија.