Предлог места: Каде може да се најде највкусна пица во Скопје?

Пица, е еден од најомилениот и глобално најпроширениот рецепт во светот, кој воедно е и популарен кај нас. Речиси и да нема човек кој не го обожава овој вкусен италијански рецепт. Сепак, постојат места каде подобро се подготвува пицата во споредба со останатите. Ова се неколку пицерии во Скопје каде можете да пронајдете највкусна пица.

Пелистер

Некогаш Фуфо, а денес Пелистер, овој ресторан во срцето на Скопје е надалеку познат по вкусните пици. Се наоѓа во строгиот центар на градот, покрај плоштад Македонија.

Занзибар

Пиците се големи, вкусни и сочни, а цените се пристојни. Се наоѓа веднаш до Градскиот парк.

Gurra

Одлично место, со одличен класичен амбиент каде може да пробате вкусна пица направена од вистински мајстори кои си ја знаат својата работа. Ви го препорачуваме овој ресторант за опуштање на целото ваше друштво.

Leone

Пицерија Леоне во центарот на градот и сите урбани збиднувања ви нуди посебно катче каде можете да се релаксирате и најадете. Пицата е една од нивните најпознати рецепти и би било голема штета доколку не ја пробате.

La Terrazza

Вкусно јадење и одличен, пријатен амбиент. Доколку сте љубители на пица, тука со сигурност ќе ви се допадне.

La Perla

Ако не сте расположени за излегување од дома, порачајте си пица од La Perla. Ќе ви биде доставена пред вашата врата спремна за јадење.

GINO

Нема кој не слушнал за Џино. Италијанскиот ресторан со долга традиција и искуство, веќе години наназад претставува синоним за вкусна пица. Класичниот изглед нуди пријатен и удобен амбиент. Се наоѓа во центарот на градот, на вториот кат во ГТЦ.

Балила

Пицеријата Балила нуди секакво вид на тстенини и различни видови пица, ние ви ја препорачуваме пицата „Морски свет“.

Енрико

Пестенините, традиционалните италијански десерти и повеќе видови италијански специјалитети... Тестата со кои се приготвуваат тестенините се прават по оригинални италијански рецепти токму во нивната кујна и тоа е тајната на уникатниот и свеж вкус на тестенините.

Во листата ќе ги вброиме и пецериите кои носат топла пица до вашите домови: Domino's Pizza, Ди Наполи, Пица 5, Pizza Jakomo, Костарика, Bastion, Pizza Egnatia, Мама Миа...