Пред нас е изгор викенд: УХМР најавува температура над 40 степени

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури. Уште потопло се очекува да биде од четврток. За време на викендот метеролозите најавуваат високи температури кои на некои места ќе го надмине и 40-тиот степен.

Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура од 12 до 20, а максималната од 30 до 36 степени.

Во Скопје и околината, сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура до 18 степени, а максималната до 35 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури. Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, вдолж Повардарието и во Пелагонија температура ќе достигне до 40 степени. Не е исклучено во петок и сабота на места да го надмине и 40-тиот степен. И утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.