Пред Илинден, македонското знаме се развеа на Елбрус, Казбек и Арарат!

Да се освои највисокиот европски врв Елбрус, кавкаскиот горделив Казбег и библискот Арарат за само осум дена е подвиг со кој ретко која планинарска експедиција може да се пофали. Токму тоа им успеа на четворицата ентузијасти, членови на клубот „Анапурна" кои од походот се вратија пред некој ден.

- За мене нема поголемо задоволство од моментот кога ќе стигнам на највисоката точка и ќе го развеам македонското знаме. Всушност, тоа е моментот кога знаеш дека си успеал да оствариш уште еден предизвик. Но, овој пат беше нешто посебно, бидејќи нашиот поход го направивме на само неколку дена пред големиот Илинден. Македонското знаме го развиоривме на три врва повисоки од 5.000 метри надморска височина, за Вечер раскажува Игор Марковски кој заедно со Ивица Митровиќ, Здравко Дејановиќ и Марина Стојмирова беа дел од четиричлената експедиција.

На само два дена по пристигнувањето во Скопје, Игор се уште под импресии, вели дека секој поход е приказна за себе, во која неизбежно се преплетуваат претходните подготовки. Неговата приказна, овој пат, ја започнал со маратонот во Скопје, а потоа и на семејниот одмор во Грција.

- На секое освојување на нова височина мора да му претходи добар тренинг, а јас тоа го направив во Грција, десетина дена пред да тргнеме на долгиот пат. На три пати се искачував на Олимп, и тоа два пати како водич на експедиција и еднаш на ноќно искачување, во растојание од четири-пет дена. По враќањето од Грција, требаше само добар психолошки тренинг, во кој многу ми помага сопругата Маја, па по десетина дена, тргнавме. Во сопствена режија, со возило „рено меган", натоварено со нашите ранци, секој те'ок околу дваесетина килограми, со нашите визи и една мисла - да успееме, раска'ува Марковски, кој инаку е дипломиран историчар на уметност, а работи како професионален војник во АРМ.

Вели, на стартот Арарат не бил во план, но по искачувањето на највисоката европска точка од 5.621 метри Елбрус и потоа на околу 600 метри понискиот Казбек се појавил како нов предизвик.

- Додека патувавме, нашиот поискусен колега Здравко Дејановиќ со восхит ни раскажуваше за неговото искачување на 5.165 метри високиот врв на оваа библиска планина во Турција. Тој така ни ја опиша радоста и возбудувањето од чувството како е да си над Арката на Ное, којашто се претпоставува дека се наоѓа на врвот, на огромниот и вековен глечер, што сите во еден глас посакавме наместо да се вратиме назад, да продол'име кон Арарат. Цврсто одлучивме да се искачиме на древната планина, и покрај тоа што по консултација со нашите колеги добивме одговор дека Арарат е официјално забранета за искачување на планинари поради проблемите со месното население, Курдите и случаите на киднапирањето на планинари. Предизвикот без размислување го прифати и нашата колешка, раска'ува нашиот соговорник. Според Библијата, во „горите на Арарат# застанала арката на пророкот Ное откако стивнал светскиот потоп.

Арарат или на турски Агри Даги е планина на крајниот исток на Турција, на самата граница со Иран и Ерменија. Тоа е всушност угасен вулкан, чијшто џиновскиот врв е покриен со вечен снег.
- Арарат е мистичен, магичен...затоа го искачивме ноќе, без храна, за неколку часа. Се разбира, претходно, на 4.000 метри надморска височина имавме аклиматизација. Но она што мо'ам да го потврдам е тоа дека искачувањето на митската планина претставува благороден физички и духовен подвиг, вели Марковски.

Неколку дена претходно, четворицата Македонци државното знаме го развиорија и на Елбрус.

- По два дена непрекинато возење од Македонија пристигнавме во Русија, со цврста намера да ја освоиме највисоката точка на Европа. Стигнавме до гратчето Азау, од каде што со 'ичарница се искачивме до 3.500 метри надморска висина, а потоа со ранците на рамо до последниот планинарски дом на 4.100 метри. Имавме време за аклиматизација и потоа тргнавме кон посакуваната цел. Освојувањето се случи по цели осум часа поход. Кога застанав на 5.642 метри, заплакав. Тоа е чувство што не може да се опише, вели Марковски.

Раскажува дека за еден планинар, самото искачување до врвот не е успех. Успех е, вели, да се вратиш назад, а уште поголем успех е веднаш да тргнеш во нова авантура.

- По Елбрус, се вративме до планинарскиот дом и веќе бевме подготвени да тргнеме кон Грузија. По цел ден патување, во Казбеки стигнавме вечерта. Се договоривме да не чекаме да се раздени, туку ноќе да тргнеме. Тоа ни беше предизвик, бидејќи знаевме дека никој досега не се искачил ноќе, поради опасните глечерски патеки кои наместа се прекриени со снег и пукнатините не се препознаваат. На 2.200 метри, меѓу облаците се поклонивме во манастирот "Свети Тројца", кој се смета за бастион на христијанството и единствен храм во светот на толкава надморска височина, вели нашиот соговорник.

Искачувањето на врвот Казбек, вели, не било лесно. Поради условите, морале да застанат на 3.400 метри надморска височина, да оградат место и да „бивакуваат" се додека не огрее сонцето. Покриени со астрофолии, и секој секому со гушнати нозе, преноќиле. Патешествието продолжило до единствениот планинарски дом каде што добро се одмориле и на полноќ тргнале кон врвот кој го искачиле за рекордно шест часа. Таму, на врвот, пристигнале први од сите експедиции.

Марковски вели дека иако искачувањето на највисоките врвови е мачна акција, која бара комплетна психофизичка кондиција, сепак тој и неговите колеги нема да застанат тука. Се подготвуваат за нови походи. Аконкагва е на нивната листа за јануари, а Хималаите ќе ги освојуваат следното лето. Се разбира, ако добијат поддршка од институциите.

-Планинарењето и планинските спортови, кај нас не се многу признати. Но, се надеваме дека перцепцијата веќе се менува и дека институциите ќе не поддржат во нашите подвизи. За нашите идни потфати ќе побараме поддршка од Планинарска федерација на Македонија, а имаме надеж дека ќе не поддржат и колективите каде што работиме, вели Марковски.