Пред една година си замина Дејвид Боуви, некои интересни факти за неговиот живот

Пред една година почина легендарниот музичар Дејвид Боуви. Музичката легенда имаше 69 години и долго време се бореше со ракот, па на крајот ја загуби тешката битка. 

Светот сеуште жали за еден од најголемите музичари на сите времиња. Со својот животен стил, постојано го привлекуваше вниманието на јавноста, а постојат некој детали за неговиот живот кои сигурно многумина не ги знаат. 

Се чинело дека едното око му е поразлично од другото, всушност тоа е последица на тепачка од детството кога поради девојка, примил силен удар. Неговиот другар од одделението Џорџ Андервуд, имал договорено состанок со девојка по име Керол Голдсмит, но тогаш 15 годишниот Дејвид, успеал да го излаже дека Керол сака да го откаже дружењето. Откако Џорџ дознал дека Дејвид го излажал, го удрил и случајно му го изгребал окото, поради што Боуви целиот живот имал проблеми со видот. 

Литл Ричард му бил идол. Во неговата биографија стои дека целиот свој живот се угледал на Литл Ричард, човек кој се смета за еден од основачите на рок ен ролот, соул и фанк музиката. 

Најлудата работа која ја направил, ја направил под влијание на Џон Ленон. Тој го натерал да изеде јајце сварено во човечка урина. Како дел од лудориите кои го следеа низ целиот живот, тој ја раскажал оваа приказна во интервју за популарниот магазин „GQ“ во 2002-ра година. Покрај тоа тој навел дека Ленон пиел змијска крв. Сето тоа се случувало во 70-тите, за време на нивната турнеја низ Азија. 

Имал страв од летање. Можел да поднесе само кратки летови, а стравот му се развил по раѓањето на неговата ќерка. 

Собирал уметнички слики. Повеќе од 25 години бил страствен колекционер на уметнички слики, а покрај тоа и самиот имал желба да научи да слика, па завршил ликовна школа. Во неколку наврати дури и самиот изложувал свои дела.

Актерката Сузан Сарандон тврди дека имала љубовна афера со него. Од негова страна немало ниту демант ниту потврда, а целата ситуација наводно се случила за време на снимањето на филмот „The Hunger“ 1983-та година. 

Имал истенчен вкус за литература. Имал објавено личен список на омилени 100 дела, а меѓу насловите можат да се најдат славните дела како „Илијада“, „Мадам Бовари“ од Густав Флауберт, „1984“ од Орвел и други. 

Се радувал на својот 50-ти роденден. Дури ни самиот не знаел да објасни зошто бил воодушевен од помислата дека полни токму 50 години. „Не би можел да им објаснам на младите какво е чувството да се имаат 50 години! И самите ќе сфатат кога ќе дојдат во оваа доба.“, изјавил тогаш Боуви во интервју за USA Today. 

1999-та година го дал генијалното интервју за „БиБиСи“ во кое ја предвидел иднината на интернетот. На водителот Џереми Паксман, тој му раскажал дека сигурно не би станал популарен доколку би се родил во 90-тите. Според него интернетот бил хаотично, бунтовничко и нихилистичко место и човештвото не било во состојба да замисли што се' ќе му донесе таа нова технологија.