Во античка Грција, филозофот Сократ бил познат по тоа што многу високо го ценел знаењето. Еден ден, Сократ се сретнал со некој свој познаник, кој му рекол:

- „Дали знаеш што слушнав за еден твој пријател?“

 - „Само момент. Пред да ми кажеш што било, сакам да направиш еден краток тест. Името му е „Тестот на трите сита“. – одговорил Сократ

 - „Три сита?“

- „Да. Пред да ми кажеш што било за мојот пријател, можеби би било добро да размислиш за тоа што сакаш да ми кажеш и да ги пуштиш твоите зборови низ три посебни сита. Затоа и се вика така. Првотот сито е ситото на вистината. Дали си сосема сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?“

- „Не.“ – одговорил човекот

- „Во ред, значи не знаеш дали тоа е вистина или не. Ајде да пробаме со второто сито. Ситото на добрината. Дали сакаш да ми кажеш нешто добро за мојот пријател?“

- „Не, токму спротивното...“

- „Во ред. Значи сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не знаеш дали е тоа вистина. Но, во мојот тест ти останува на располагање уште едно сито. Ситото на употребливоста. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател може да ми користи?“

- „Па, не баш...“

Тогаш Сократ заклучил: „Значи, доколку сакаш да ми кажеш нешто за коешто не знаеш дали е вистина, не е добро или корисно, зошто воопшто би сакал да ми го кажеш?“