Пред да одлучите да се откажете, прочитајте ја оваа приказна...

Си биле еднаш две жаби кои паднале во тенџере со каша.

Веднаш сфатиле дека тонат. Невозможно било долго да пливаат и да пловат во таа густа смеса.

На почетокот и двете мрдале со нозете за да стигнат до работ на тенџерето. Но, сето тоа било залудно, само се враќале на истото место и тонеле. Чувствувале дека сѐ потешко им е да излезат на површина и да дишат.

Една од нив рекла на глас: „Не можам повеќе. Невозможно е да излезам оттука. Не можам да пливам. А бидејќи знам дека ќе умрам, нема потреба да ја продолжувам оваа агонија. Не ја гледам смислата во тоа да умрам од умор поради залуден напор.“

И престанала да удира со нозете и веднаш потонала и била проголтана од густата  течност.

Другата жаба, поупорната и потврдоглавата, си рекла самата на себе: „Не гледам како ќе се извлечам од ова, но дури и да умрам, попрво ќе се борам до последниот здив. Не сакам да умрам ни една секунда пред да истече моето време. Животот вреди да се бориш со него.“

Продолжила да удира со нозете и тоа постојано на исто место, а не се поместила ни два сантиметри.

Одеднаш, од толку удирање и шлапање со нозете, кашата се претворила во путер. Изненадена, жабата скокнала од тенџерето и среќно се вратила во мочуриштето.