Пред да ги судиш другите, прво погледни се себеси

Има една приказна која гласи вака: 

Еден млад пар се доселил во една куќа. Следното утро, жената забележала како соседот ги пере алиштата. Жената рекла: „Колку се валкани алиштата, тој не знае да пере! Можеби му треба нов прашок за перење.“ 

Мажот си молчел и си доручкувал. 

Секојпат кога соседот ги перел алиштата, коментарот би бил ист. 

По еден месец, жената се изненадила кога видела дека алиштата се чисти . Рекла: „Погледни, конечно научил добро да ги пере алиштата. Кој ли го научил така?“

 Мажот ѝ одговорил: „Никој! Јас денес станав порано и ги исправ прозорците!“

Колку често ги осудуваме другите пред да се преиспитаме себеси? Колку пати сте пренеле некаква вест, а не сте се ни потрудиле да ја дознаете вистината? Каков е нашиот поглед низ прозорецот на животот?

Така е во животот – сѐ зависи колку е чист прозорецот низ кој го гледаме животот. Пред да почнеме да критикуваме, би било подобро да го погледнеме сопствениот живот.