„Кенан“, „Ванила“, „Рекорд“, „Путник“ се легендарни места каде што старите скопјани се чекале со своите пријатели и го продолжувале корзото..

„Кенан“ било почеток на скопското корзо и култно собиралиште на скопјани, додека „Рекорд“ пак е собирната точка на илјадници приказни на скопската младост. Урбаните легенди заминаа во историјата, но сепак имињата кај старите скопјани сѐ уште постојат. Иако се дојдени нови генерации, нови места за чекање, сепак духот на старите не е загубен. Тие се културно и традиционално наследство. Сепак тој, покрај овој аспект на менувањето на урбаните навики на скопјани, дава и една друга човечка димензија. Во денешницава може да се чуе од младите: „Се чекаме пред ’Воинот на коњ’“, „Дојди пред портата ’Македонија’“, „Пред ’Ченто’ сум, побрзај“, „Те чекам кај ’Цар Самуил’“.

При губењето на легендарните места, се губи и жарот, бидејќи тука имаат поминато многу генерации што доживеале најразлични случки, добри и лоши. Сепак тоа е едно убаво сеќавање на старите скопјани. Тие места имаат душа и биле главни места за тогашните случувања.

Смената на генерации носи и смена на имиња и нови урбани легенди. Денешните генерации се чекаат пред „Воинот на коњ“, триумфалната порта „Македонија“. Објектите исчезнуваат, но имињата, како топоними на градот, остануваат со години по нив.

Скопје има многу интересна историја на своите легендарни топоними. „Кенан“ сѐ уште постои, но на друго место, а стариот „Рекорд“ го нема, но името остана како препознатливост на градот. 

Скопјани вели дека со менувањето на локацијата не се загубиле ниту духот на дуќанот, ниту звучноста на името.