Пред 4 години работел на паркинг, сега е еден од клучните играчи во историскиот успех на Вардар во ЛШ!

Хрватскиот портал „Јутарњи.хр“, открива детали од животот на херојот на Вардар. Пред четири години Лука Циндриќ работел на паркинг, а сега е европски првак.

Репрезентативецот на Хрватска е роден во Огулин, првите чекори во ракометот ги има направено во Карловац, од каде на покана на Лино Червар дојде во Металург. Иако многумина не верувале во ова момче, пред се поради тоа што е премногу млад, сепак неговата упорност му донесе голем успех.

Циндриќ во Вардар дојде во 2015 година, а само по две сезони успеа да го подигне пехарот во Лигата на шампионите и да го реши дуелот со Барселона. 

„Работеше на паркинг, потоа му се приклучи Борозан, но не можеше да работи бидејќи немаше дозвола. Играа заедно, за кратко време станаа страшен тандем, кој по четири години успеа да го освои златниот медал во Лигата на шампионите“, објаснува Давор Златиќ. 

Она што е доста интерeсно што Циндриќ имал предиспозиции за фудбалер, но тој сепак го одбрал ракометот. Причината поради која за кратко време успеал да стигне до Вардар и да напредува е неговата упорност.

„Секој тренинг беше 200 на час! Секогаш на глава. Многупати му викаме: Лука, немој баш секогаш да влегуваш', но тој едноставно е таков. Во играта ’еден на еден’ секогаш беше доминантен, но тоа не беше неговиот адут. Циндриќ е опасен кога ќе му поставиш цел, задача и мислам дека Раул токму во таа смисла го извлече најдоброто од него. Често се гледаме кога доаѓа, зборуваме баш за тоа. Мислам дека во Келн тоа најдобро се виде", вели првиот тренер на Лука во Карловац, Дино Ѓанковиќ.

Како што највивме пред еден месец, Циндриќ од 2018 година ќе го носи дресот на Келце, каде ќе го пречека Алекс Душебаев.