Празнична богослужба за Св. Атанасиј во Пресвета Богородица

Во среда, на 31 јануари, на празникот посветен на Свети Атанасиј Велики, со почеток во 9 часот, по повод 10- годишниот јубилеј од осветувањето во храмот ” Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје ќе се отслужи Света Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Скопската епархија ги поканува сите верници на заедничка богослужба во храмот на заштитничката на градот – Пресвета Богородица.

Свети Атанасиј е домашен празник на многу семејства но и на цели села низ Македонија. Именден празнуваат : Атанас, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Се верува дека од овој празник, времето оди кон лето, дека поминале зимата и големите студови карактеристични за јануари.